СЈО од денеска се пресели во новите простории

од Vladimir Zorba
80 прегледи
 сјо

Специјалното јавно обвинителство од денеска и официјално ќе ги продолжи истрагите за случаите поврзани со незаконското прислушување во новите простории на улицата Франклин Рузвелт. Утрово пред новата зграда на СЈО забележително е засилено полициско обезбедување, што не беше карактеристично за канцелариите на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, објави Мета.

Во фоајето на објектот забележлива е фрекфенција на луѓе вработени во СЈО, а пред зградата стои паркиран полициски џип „лендровер дифендер“ и неколку полициски службеници.

Полицијата засега дозволува фотографирање само од другата страна на улицата.

Нема информации дали денеска во новите простории ќе дојдат лица повикани од СЈО во врска со случаите што ги води ова обвинителство