СЈО: Повеќе лица на распит во СВР Охрид, влијание врз сведоци е кривично дело

од desk2
97 прегледи

Специјалното јавно обвинителство информираше дека во СВР Охрид се повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат исказ за околностите во врска со донациите за ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно Кривичниот законик секој вид на влијание врз сведоците е кривично дело, а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка.

Ова јавно обвинителство се оградува од секакви политички шпекулации и потенцираме дека својата службена должност јавните обвинители во ова Јавно обвинителство ја вршат согласно законот во насока на утврдување на вистината во постапките кои се водат“, стои во соопштението на СЈО.