СЈО повторно бара замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Специјалното Јавно обвинителство поднесе ново барање до Судот за обезбедување на имотoт на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Талир“, поврзан за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување и оптоварување на дел од недвижен имот кој потекнува од извршено кривично дело, при што предвид се земени укажувањата на Судот искажани во одлуките со кои беа одбиени првичните барања за обезбедување имот.

Како што дознава СВЕДОК од извори во Судот, двајцата судии Владимир Панчевски и Елена Илиевска – Јосифовиќ кои одлучувале по барањата, за да се убедат дека може да се отуѓи имотот, барале докази дека имотот е купен како резултат на кривиќно дело, барале СЈО да покаже кој го тврди тоа, да им достави докази, што не е и не може да биде предмет на испитување во оваа фаза.

Истите аргументи биле наведени и во решенијата на кривичните совети кои одлучувале откако судиите на претходна постапка изразиле несогласување со барањата.

 Според закон, СЈО може во оваа фаза мерката да ја предлага секој ден и може да си игра топло-ладно со судот кој ги одби нивните барања. Законот во овој дел не предвидел жалба, па практично СЈО нема можност да понуди нови докази и аргументи на решението за несогласност, пред да одлучува кривичниот совет, со што, е нарушен принципот на двостепеност на постапката.

Се бара замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ купен со пари кои фиктивно биле прикажувани како донации.

СЈО поднесе барање за замрзнување имот за случајот „Триста“, откако е пријавено имотно-правно побарување од оштетено лице. До Судот е поднесен предлог за определување привремена мерка за обезбедување на имотно-правно барање, и тоа: забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на осомничениот. Во предлогот до Судот наведено е точно за кој и каков имот се работи. Во предметот „Триста“, помошник министер во МВР е осомничен за јавна набавка на 300 возила.