СЈО  потврди дека бараат осомничен функционер  на УБК, има барање за налог за претрес, издадена е и наредба за лишување од слобода и поднесен е предлог за притвор, но судот вчера тоа не го дозволувал. ПОради тоа СЈО и полицијата тргнаа во потрага по бараните за да ги спроведат на сослушување. Бараните се оние кои издавале наредби и прислушувале од  МВР.

 

сјо

Шест лица се товарат за кривично дело неовластено прислушкување и тонско снимање, објави денеска Фактор, но  дали меѓу нив е и началникот на петтата управа Горан Груевски  или како што  СЈО вели висок функционер на УБК по кој моментално  се трага , дали  тој е седмиот баран за сослушување  се уште  е непознато, но е многу веројатно.

Портпаролката на СЈО, Ленче Ристевска за НОВА ја потврди  информацијата дека СЈО трага по лице вработено во УБК. Специјалното обвинителство побарало од судија на претходна постапка да издаде наредба за претрес во домот на едно лице врабтено во УБК. Судијата, како што пишува порталот, одбил да даде налог за претрес.

Речиси 5 часа траело убедувањето  на СЈО и судот, за потребата  лицето да биде приведено заради  опасност од бегство, влијание на сведоци и уништување докази, како и опасност од повторување на делото.

„Со оглед на тоа дека за осомниченото лице постојат безбедносни прични да биде обезбеден СЈО побара налог за притвор кој исто така беше отфрлен од судијата. СЈО потоа се обиде да го пронајде лицето за да го сослуша но лицето веројатно добило дојави дека е барано и во моментов не може да се лоцира“, вели во  изјави портпаролката на СЈО, Ленче Ристевска.

Според  истиот извор , СЈО доставило барање до судијата во претходна постапка, Јован Лазаревски, да се даде налог за претрес во домот на началникот на УБК Грујовски со цел да се обезбедат докази.Судијата Лазаревски го одбил оваа барање, по што СЈО издало налог Грујовски да биде обезбеден за распит.

Согласно законот СЈО има мандат да бара од полцијата да обезбеди осомничено лице во период од 24 часа во кој ќе се изврши распит.

Потрагата за солсушување на осомничен ќе трае се додека не биде обезбеден за СЈО а повеќе детали за акцијата се најавуваат за денешниот ден

Посочениот Горан Груевски е началник на петтата управа при МВР и близок соработник на директорот на УБК, Сашо Мијалов. Пред осум месеци Јавното обвинителство  соопшти дека,  заедно со Мијалков, Груjoвски бил испитуван  во врска со аферата со прислушувањето.  Во меѓувреме сите предмети преминаа во надлежност на СЈО. За другите барани од СЈО засега нема потврда , колкав е бројот ниту дерали и други прецизни информации.

Слични содржини