На денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека СЈО отвора нов предмет под називот „Тврдина“, кој се однесува на заштита на приватноста со нелегално прислушување.Предвидената казна за овие службени злоупотреби е од 5 до 20 години затвор.

сјооо

За време на пресот е соопштено дека првообвинетиот началник на УБК Горан  Груевски се јавил дека  во 13 часот ќе дојде во судот на распит на што се бара да присутвиваат и специјалните обвинители на Јанева  . Тој вчера не беше пронајден од полицијата и СЈО, а судот одби да дозвли претрес и апсење на првообвинетиот .

 На прес конференцијата е соопштено  дека  истрагата опфаќа сегашни и поранешни фукционериод МВР и УБК. Тројца осомничени се началници на оддели во УБК затоа што уништиле два система за следење на комуникациите, а осомничена и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловака.

Таа во првта половина на 2015 дозволила уништување на системи за следење на комуникациите како застарена опрема. Висината материјалната ште се проценува на 10 милиони евра

За утврдување на вредноста на ситемите, СЈО ги обезбедила документите со кои е набавена, опремата. СЈО бара  и декласификција и на други акти од УБК, за да ги потврдат основаните  сознаија и сомневања дека и други лица надвор од МВР ги користеле прислушувањата во корист на трети лица

Делото го сториле веднаш откако Судот ја донел одлуката дека незаконското следење на комуникациите е направено со капацитетите во МВР. Имаме релеванти докази за се она што го изнесуваме .Водиме многу преистражни постапки изјави Специјалната обвинителка  Катица Јаанева , и сигурни сме во тоа што го тврдиме.

Имено првоосомничениот со цел да прикрие други лица издал усна наредба до други организациони единици во МВР да се уништи техничката опрема со изговор дека е застарена.

Во врска со објавувањето на приватни телефонски разговори на сегашни и поранешни функционери, обвинителката Катица Јанева денеска ги повика засегнатите да дојдат во СЈО за да бидат поведени соодветни кривични постапки.

Таа исто така ги повика и сите оние кои поседуваат вакви снимки да ги достават до Обвинителството.

– Горда сум да кажам дека СЈО е првата институција во РМ која воспостави соработка меѓу правната полиција, истражителите и јавните обвинители. СЈО како тим на индивидуалци покрај капацитетот поседуваат и висок степен на одговорност, сплотено ќе работат во спроведување на нашата мисија која ни е единствена цел, потенцираше Јанева.

 

 

Слични содржини