Исцрпени се сите правни средства околу притворот, ќе се изнесеме за сите забелешки и за тоа што неовластен предлагач побара укинување на притворот.

Откако во јавноста излезе одекна информацијата дека е укинат притворот на Сеад Кочан, од Специјалното јавно обвинителство најавија реакција за во понеделник, пишува Макфакс.
– Исцрпени се сите правни средства околу притворот, ќе се изнесеме најверојтно во понеделник за сите забелешки и за тоа што неовластен предлагач побара укинување на притворот- велат од СЈО.