Возбудлив натпревар се одигра во четвртокот на Гудисон, каде Евертон по пресврт го совлада Кристал Палас со 3:2. Со оваа победа домашните го обезбедија опстанокот во Премиер лигата.
По натпреварот имаше големо славје на теренот каде имаше многу навивачи. Еден од нив го виде тренерот на Кристал Палас, Патрик Виеира и го испровоцира. На легендата на Арсенал му „пукна филмот“ и го шутна.
Веднаш беше опкружен со други навивачи на Евертон, но за среќа имаше и разумни, па ситуацијата се смири.
Несомнено е дека францускиот стручњак ќе биде казнет поради ваквото однесување. Сепак, олеснителна околност треба да биде тоа што беше безобразно испровоциран.
Patrick Viera and a Everton fan after the game🤣 pic.twitter.com/zaxRGfe0YE
— Theo (@Thogden) May 19, 2022