Скандалот на „Гудисон“ од гледна точка на провокаторот: Брутално го навредуваше Виеира, па се превртуваше со телефонот на земја

од Vladimir Zorba

Прилично скандалозни сцени видовме вчера по завршувањето на синоќешниот натпревар помеѓу Евертон и Кристал Палас во рамките на одложениот натпревар од 33. коло на англиската Премиер лига. Со победата по големиот пресврт, инаку прва што ја направија во историјата на ова натпреварување откако на полувреме губеа со два или повеќе гола разлика, „Карамелите“ обезбедија опстанок во елитниот ранг на натпреварувањето.

Навивачите за првпат влетаа на теренот во 85. минута по голот на Доминик Калверт-Луин за водство, кој предизвика неколкуминутен прекин. Сето тоа го надополни судијата Ентони Тејлор, го продолжи мечот на дополнителни седум минути, по што следеше нов хаос.

Тогаш речиси половина од „Гудисон Парк“ заврши на тревата за да го прослави опстанокот во Премиер лигата во сезоната во која Евертон неколку пати се најде во зоната за испаѓање. Всушност, ситуацијата беше таква што „Карамелите“ во еден момент беа најзагрозени да се преселат во Чемпионшип заедно со Ватфорд и Норич.

Сепак, целото славје ќе остане во сенка на големиот инцидент, кога навивач на Евертон го испровоцира тренерот на гостинската екипа, Патрик Виеира со тоа што му влезе во лице и му покажа среден прст.

Французинот се обиде да остане смирен, но не издржа по пцостите и грдите зборови.

Ќе видиме дали ќе има санкција и за Евертон и за Виеира кој, и покрај се, не смееше да си дозволи такво однесување.

Слични содржини