СКАНДАЛ: Нападната 103-ка, обезбедување влезе среде емисија да легитимира (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
136 прегледи

kanal103

Во аудио снимката подоле која можете да ја слушнете непознато лице на водителот на емисијата му наредува да ја прекине програмата и да му ја даде својата лична карта со цел легитимирање на истиот.

Службеникот кој побарува документ за лична идентификација вели дека спроведува наредба од шефот и му се обраќа на дрзок начин на водителот да оди пред него!

Оваа реакција на раководството на МРТВ и обезбедувањето следува по поканата од страна на радиото канал 103-ка кон лидерот на политичката партија Достоинство Стојанче Ангелов да гостува во емисија. Еве  го видеот пред тоа вечерта кога тие разговараат со Ангелов и го канат на емисија.

Тортурата и притисокот од владејачката партија на најдрзок и безобразен начин очигледно продолжува да врши притисок врз неистомислениците, пренесува centarnews.net !