Третото најсилно натпреварување во Европа, Конференциската лига, полека влегува во натпреварите од второто коло од квалификациите, додека еден скандал се заканува сериозно да ја потресе Македонија. Според полските медиуми, сомнителен е натпреварот на Македонија Ѓорче Петров и РФС од Летонија.
Новинарот на полскиот портал „Sport.tvp“, Матеуш Мига објави дека обложувалниците реагирале на високите уплати кои стигнале за неколку видови на обложување на мечот РФС – Македонија ЃП, кој заврши со победа на домаќините од 4-1.
Се споменуваат енормно високи уплати на победа на РФС со два гола разлика, како и многу високи уплати на 3+ голови во второ полувреме и на 5+ голови во текот на сите 90 минути, пренесуваат српските медиуми.
Покрај овој натпревар, за Полјаците сомнителен е и натпреварот Арсенал од Тивт, Црна Гора против ерменски Алашкерт. Полскиот новинар тврди дека за време на реванш натпреварот се случиле неверојатни уплати кај обложувалниците кои ја надминале цифрата од над 250.000 евра.