Софиски Левски се пожали до УЕФА поради цената на билетите за бугарските навивачи за мечот со Шкупи

од Nikola Popovski

Фудбалскиот клуб Левски од Софија објави дека ја контактирал УЕФА поради огромната разлика во цените на билетите за домашните навивачи и за бугарските навивачи за првиот меч со Шкупи во Скопје во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Натпреварот е на арената „Тодор Проески“ на 28 јули (четврток) во 22:00 часот.

„На официјалната веб-страница на ФК Шкупи, објавена е информација која покажува шокантна разлика во цените на билетите за домашните навивачи и оние на Левски, за натпреварот од 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА 2023/24 на 27.07. 2023 година. Во таа насока, раководството на ФК Левски го адресира проблемот до организаторите на фудбалскиот натпревар и до претставниците на УЕФА (делегат на УЕФА и службеник за безбедност на УЕФА), почитувајќи ги прописите на европската фудбалска куќа за ова натпреварување“, се пожалиле од бугарскиот тим.

Цените на билетите за мечот против Бугарите за симпатизерите на Шкупи чинат од 150 до 200 денари, што е околу 2,5-3,25 евра, а за навивачите на Левски била објавена цена од 1.200 денари (20 евра).

Бугарскиот клуб доби 1600 билети за натпреварот, а неговите навивачи е предвидено да бидат сместени на Западната трибина.

Слични содржини