Синот на актуелниот дански премиер Ларс Локе Расмусен, е во врска со Американка која завршила на Харвард, но поради строгите дански закони таа ќе мора да ја напушти земјата.

Бергур ќе мора привремено да биде одвоен од саканата девојка, Аран Катерине Киршенман, бидејќи 22-годишната студентка, инаку голема ѕвезда на социјалните мрежи, е премлада за побара подолг престој во Данска. Таа мора да ја напушти земјата до крајот на месецот.
Киршенман е помлада од 24 години и поради тоа не може да остане во Данска според строгиот закон за мигранти кој бил усвоен во 2002-ра година. Тогаш од 18 на 24 била крената старосната граница според која надворешен партнер може да дојде да живее во Данска.
Целта на тој закон била да се спречат странците во Данска да носат малолетни невести.
Според наводите на “Bloomberg”, Киршенман престојува во Данска во рамките на студиите на Харвард, а оваа година би требало да дипломира на овој престижен универзитет.
Девојката родена во Калифорнија во 2012-та година на својот профил на Инстаграм почнала да споделува фотографии од патувањата, а до денес собрала 111.000 фанови.
Непосредно пред парламентарните избори во Данска, кои се на распоредот на 5-ти јуни, Расмусен во жестока дебата одржана во недела вечер зборувал за случајот со девојката на својот син.
“Чудно е, живееме во земја во која нема место за неа”, изјавил тој, критикувајќи ја имиграционата политика.
Неговата малцинска влада се потпирала на поддршката на десничарските популисти да ги истурка законите во парламентот, а за неговиот мандат биле усвоени строги имиграциски закони.
Но, минатата недела ја шокирал пошироката јавноста во Данска, изразувајќи подготвеност да коалицира со социјалдемократите по изборот за да го намали влијанието на помалите партии на крајната десница. Порачал дека попрво би им го завртел грбот на своите традиционални гласачи од крајната десница, отколку да дозволи нивните екстремни ставови да влијаат на неговата политика.
“Стравувам дека данската политика би можела да биде турната во хаос, и верувам дека тоа чувство го имаат и многу Данци”, рекол тој.
И неговиот син Бергур Локе Расмусен е политичар и се натпреварува за мандат на изборите за европскиот парламент за Венстре, конзервативно-либерална партија.