Скандал во ЕУ: Или исти производи, или ембарго

од desk2
90 прегледи

Премиерот на Словачка Роберт Фицо на Европската комисија и даде род до есен да почне да го решава проблемот со различниот состав на исти производи.


Поради различните производи ба `старата` и `нова Европа`, Фицо се закани дека Словачка може да воведе еднострано ембарго и ќе ги протера западните производи од словачките ресторани.

„Земјите на Вишеградската група порано предупредија на тој проблем, но мерките на ЕК не се доволни. Комисијата има доволно информации, ако сака да приготви закони со кои би наредила кој сака да продава производ во исто пакување мора да има ист квалитет“, рече Фицо пред новинарите.

Предупредувањето на премиерот и ултиматумот за Европската комисија нешто да преземе до есен, доаѓаат после големиот тест во соседна Чешка каде на барање на Министерството за земјоделство, тестирани се 21 производ на пазарите во Геерманија, Австрија, Чешка, Словачка и Унгарија, со што се покажа дека истокот од Европа само три биле со истиот квалитет како за западниот пазар.

Чешкиот министер за земјоделство Марјан Јуречка ги претстави резултатот од тестот на министерското заседание во Брисел, а пред западните колеги размавтуваше со две кутии преработена замрзната риба за пржење (“fish fingers”) за германски и за чешки пазар – производи кои најлошо мониале на тестот.

И премиерот Фицо пред денешната прес-конференција појде во шопинг.
Фицо покажа дека купувачите во Австрија добивале 300 гр месо за разлика од Чешка каде има 280 гр, во Австрија се добива 65 отсто месо, во Чешка 58 отсто, за иста цена од 2,99 евра.

Фицо вели дека не сака граѓаните на Словачка да бидат граѓани од втор ред.
Ако до есен ЕК не ја смени овааа пракса Фицо се закани дека дека ќе воведе ембарго на производите од запад на шест месеци.
Наднационалните компании се правдаат дека во посткомунистичките земји квалтитетот на производите е полош оти имаат поинакви навики и вкус, а за прашокот за перење велат дека Чесите прават поинакви флеки