Скандал во Хрватска: Соблекување, хаос и брутално тепање на членови на бенд на божиќна забава

Она што требаше да биде празнично предпразнично дружење и прослава на крајот на деловната година за вработените во ZET се претвори во невиден скандал што вклучуваше експлицитно однесување, масовен хаос и брутално физичко насилство.

од Vladimir Zorba
25 прегледи Фото: Н1 Хрватска

Она што требаше да биде празнично предпразнично дружење и прослава на крајот на деловната година за вработените во ZET се претвори во невиден скандал што вклучуваше експлицитно однесување, масовен хаос и брутално физичко насилство.

Божиќната забава организирана од Синдикатот за автобуски и трамвајски превоз на Хрватска – Загреб, одржана на 19 декември во Ругвица, ескалираше во доцните вечерни часови, а епилогот беа сериозни физички повреди на членовите на бендот и полициска истрага.

Видеата од забавата на која присуствуваа најмалку 460 гости се раширија како пожар на социјалните мрежи, пишува Н1 Хрватска. Видеата го снимија моментот во кој еден од гостите се качи на маса, ги спушти панталоните и танцуваше гол, додека некои од присутните го бодреа со смеа и извици.

Но, дивата забава набрзо доби мрачен тон. За време на настапот на познатата група „Joy“, неколку гости, од причини што сè уште не се утврдени, физички ги нападнаа музичарите на сцената.

Нападот беше брутален. Еден член на бендот претрпе сериозни повреди: неколку скршени ребра, модринки на лицето и посекотини на главата и торзото за кои беа потребни конци. Нападнатиот музичар потврди за медиумите дека инцидентот се случил, но поради тековната кривична истрага, не сакал да дава детали.

Невен Брњас, поранешен претседател на синдикатот ZET, исто така сведочеше за ужасните сцени. „Навистина ми е жал што се случи ова. Она што се случуваше таму од самиот почеток не беше нормално. Се соблекuvaa голи, претепаа член на бендот затоа што еден од нив се качуваше на сцената од која сакаа да го отстранат. Голем број луѓе фрлаа чевли кон него откако падна од сцената“, го опиша насилството Брњас.

Организаторот, Синдикатот за автобуски и трамвајски превоз на Хрватска – Загреб, издаде официјално соопштение еден ден по инцидентот. Иако најавија санкции за учесниците, делумно се дистанцираа од одговорност во соопштението, префрлајќи го фокусот на „поединци“, но и на нивните критичари.

„На настан на кој присуствуваат 460 членови на Синдикатот, тешко е да се следи секого и да се предвиди што ќе направи некој во даден момент. Едно е сигурно, а тоа е дека учесниците во непосакуван настан ќе бидат исклучени од членство во Синдикатот“, се вели во соопштението.

Сепак, Синдикатот голем дел од своето обраќање го искористи за да се соочи со Невен Брњас, без директно да го именува, туку нарекувајќи го „неписмен поттикнувач“ и „неисполнет член на синдикатот“ кој „плука по поранешните колеги“.

„Жал ми е што ги пропуштија сите кредити, но ние не сме виновни за тоа. Нема да трошиме зборови и енергија на други“, соопшти Синдикатот.

Загрепската полиција спроведува истрага за да ги утврди сите околности на овој сериозен инцидент и да ги идентификува сите напаѓачи на музичарите.