
Виктор Орбан истакна дека во моментов ЕУ е во пресвртна точка – за прв пат губи една од своите земји членки, што може да биде знак на дефинитивен распад. Премиерот посочи дека меѓу грешките кои доведоа до тоа е тоа што на Европската комисија и беше дозволено да стане независен политички субјект, иако првично нејзините овластувања, беа други.
“Секој пат кога премиерите не можат да постигнат консензус, комисијата воведува задолжителни мерки”, изјави Орбан, кој додаде дека Брисел, заобиколувајќи ги националните влади, тајно ги превзема правата, кои се исклучиво во надлежност на земјите-членки.
Според премиерот ЕУ нема да биде успешна, додека не биде поврзан со народите и заедно со нив не се бори против различните кризи. “Институциите на ЕУ се за земјите, а не обратно”, посочи Орбан, кој додаде дека во позициите на Унијата “е потребна разумна и решителна промена”.