СКАНДАЛ ВО САД: 550 жени поднеле тужба против Uber за сексуален напад

од Stefanija Kuzmanovska

Во САД 550 жени поднеле тужба против Uber за сексуален напад! Во тужбата се наведува дека патничките биле „киднапирани, сексуално нападнати, претепани, силувани, лажно затворани, следени, малтретирани или на друг начин нападнати од возачите на Uber“, популарниот сервис за превоз на патници.

Случајот беше поднесен на 13 јули во Врховниот суд на округот Сан Франциско.

„Сексуалниот напад е страшно злосторство и секоја пријава ја сфаќаме сериозно. Нема ништо поважно од безбедноста. Иако не можеме да коментираме за тековните судски спорови, ќе продолжиме да ја одржуваме безбедноста во срцето на нашата работа“, изјави портпаролот на Uber за Би-Би-Си.

Во тужбата, поднесена од адвокатите во адвокатската фирма „Слејтер Слејтер Шулман“, се наведува дека сексуалните напади се случиле во „повеќе држави“ низ САД. Исто така, се вели дека уште најмалку 150 потенцијални случаи се „активно под истрага“. Во тужбата се наведува и дека уште во 2014 година, Uber станал свесен дека неговите возачи сексуално злоупотребуваат и силуваат патнички. Сепак, во тужбата се наведува дека компанијата имала приоритет на „растот на бизнисот пред безбедноста на клиентите“.

„Целиот бизнис модел на Uber се заснова на обезбедување на луѓето безбедно возење до дома, но безбедноста на возачите никогаш не била нивна грижа – растот на бизнисот бил на сметка на безбедноста на нивните патници“, рече Адам Слејтер од адвокатската канцеларија „Слејтер Слејтер Шулман“.

Слични содржини