Ниту едно појавување на раперката Блек Чајна, која е позната по бројните скандали во јавонста, не може да помибе без деколтирано издание. И на доделувањето на Оскарите во Лос Анџелес во прв план ги ставила своите оперирани гради.
Таа облекла долг црн фустан со сини детали на ракавите, кој го истакна нејзиното деколте и тетовираните нозе. Чајна, инаку е поранешна девојка на Роб Кардашијан, пристигна меѓу првите на доделувањата во Долби Театарот.
Не помина долго откако сите странски медиуми започнаа да пишуваат за нејзиното појавување на црвениот тепих, но не ги воодушевила. Како што пишува Daily Mail, иако не биле појавени сите ѕвезди, таа веќе се качи на листата најлошо облечени.
– Модна катастрофа. Изгледа бизарно и покажа премногу кожа за ваква престижна манифестација – пишувале странските медиуми.
Исто така, тие го забележале и нејзиното лице, па коментирале како претерала со операциите бидејќи изгледа „замрзнато“.
Исто така, никој не ја знае причината поради која таа се појавила на доделувањата, бидејќи ниту е номинирана, ниту е презентерка.
Инаку, раперката моментално е во судска борба со Кардашијан во врска со старателството над ќерката Дрим.
Роб сака детето да му припадне нему, бидејќи не му се допаѓа тоа колку време Блек поминува во забавување па така го занемарува девојчето.
– Нејзините приоритето не се најдобри за Дрим. Роб сака девојчето да минува време со мајка му, но моментално очигледно е дека неговата фамилија може да понуди подобар дом за неа отколку Чајна – рекол пријател на Кардашијанови.