Социјалните мрежи се преплавени со реакции откако во српски ученик за петто оделение се најдоа стихови на турбо фолк дивата Светлана Цеца Ражњатовиќ. Вежбата има и стихови од песни од Бајага и од „Рибја чорба“, а од учениците се бара да ги откријат именките во падежот вокатив. Таа, на социјалните мрежи се огласи само со тоа дека има и поубави стихови од тој кој го вметнале во учебникот.

Пред осум години кај нас, во учебник по Општество за петто одделение, во делот каде се опишуваат значајни имиња од македонската култура, како културни дејци беа наведени Тони Михајловски, Ферус Мустафов, Нора Шаќири, Есма Реџепова, Ристо Шишков, Никола Ристановски, Бодан Арсовски и други.