588
Познатата манекенка Кендал Џенер облече фустан кој многу повеќе открива отколку што покрива, па беше мета на критики.
Кендал го избра овој фустан за венчавката на својата пријателка, а многумина коментираа дека овој избор не одговара за свадба.
Иако обичаите налагаат никој да не ја засени невестата во текот на денот, изгледа како Кендал го направи токму тоа, носејќи фустан кој привлече големо внимание.
View this post on Instagram
Станува збор за црн тесен фустан кој во горниот дел не покрива речиси ништо, па очекувано доби голем број критики.
„Замислете некој да дојде на вашата свадба во ваков фустан? Па тоа е исто како да ѝ рекла на својата најдобра пријателка на денот на венчавката „Е*и се!“, е само еден од негативните коментари на Твитер за неа.
Фото: Getty Images