Лудилото во реалните шоуа ескалираше. Откако првично ѝ се закануваше со смрт на Станија Добројевиќ од национална фреквенција, Кристијан Голубовиќ сега во „Задруга“, на Пинк телевизија, раскажа за тоа како професионално се убиваат затворениците во затвор.
Учесникот во шоуто и поранешен осуденик, Кристијан Голубовиќ, раскажа нешто што не треба да ѝ биде достапно на милионската публика.
Голубовиќ им „објасни“ на членовите на задругата како се убива човек во затвор и го демонстрираше сето тоа на Марко Јанјушевиќ, друг учесник во реалното шоу, кој, како и многу гледачи, беше шокиран од приказната на Голубовиќ.
„Знаете како професионално се убива човек во затвор? Се влегува внатре и го грабнуваат со ќебе. Земаат ќебе, поради модринки, и се префрла вака. И ние го држиме. Сега даваш отпор, а те држат петорица, шесторица со ќебиња, за да нема модринки“, ја започна приказната Кристијан, демонстрирајќи на Јанјушевиќ
„Те креваме горе, ти ставаме јамка околу вратот и те бесиме. Едни ја затегнуваат јамката, а двајца или тројца висат над тебе, ти го вадат вратот, само те држат. Кога ќе падне, кога ќе биде готов да се измоча или св*ши во панталоните, тие го пуштаат и го тргаат ќебето и си одат“, рече тој.
Ваквите страшни приказни, без оглед дали се вистинити или не, ја згрозија јавноста,
За време на една од претходните „расправии“ во ова реално шоу, Кристијан призна дека убил, како што рече, девет лица во затвор.