СКАНДАЛOЗНО ВИДЕО ОД ПОБЕДНИКОТ НА ЕВРОВИЗИЈА: Италијанецот шмркал кокаин додека ги чекал резултатите?

од Nikola Popovski
515 прегледи

На 65. Евровизија што се одржа во Ротердам, победата ја однесе Италија, која беше претставена од групата „Манескин“ со 524 поени, а се уште не престанува да се зборува за една сцена зад камерите.

По објавувањето на победата, на социјалните мрежи започна да кружи видео во кое Дамијано Дејви од групата, преносот во живо, како што тврдат корисниците, шмркал недозволена супстанца, поточно, кокаин, а странските медиуми го нарекуваат ова вистински скандал.

На конференцијата, по победата, шведски новинар го праша Дамијано за оваа снимка, а пејачот одговори дека не конзумирал ништо нелегелано.

„Морам да ве прашам, бидејќи имаше видео од зад сцената каде изгледа како да шмркате нешто … Луѓето од социјалните мрежи мислат дека земате кокаин. Што беше тоа?“, гласело прашањето.

„Јас не користам дрога. Ве молам, луѓе“, рекол Дамијано.

Да потсетиме, Италија победи на Евровизија по 31 година со песната „Зити е буони“.

Слични содржини