
„Во моментов она што го гледаме во Македонија е загрижувачко. Поуката која треба да ја извлечеме е дека се додека не се пронајде вакцина за Ковид-19 треба да се придржуваме на мерките“, изјави доктор Фабио Скано, советник на регионалниот директор на Светската здравствена организација Европа .
Во врска дали е прерано донесена одлуката за отворање на границите тој изјави дека ќе мора веднаш да се индетификува заразата и носителот да се изолира.
„Повтороното појавување на вирусот може да се менаџира, ако власта и граѓаните соработуваат. Владата ќе мора да продолжи да тестира да селектира и да става во карантин за да ги заштите граѓаните од вирусот и да го спречи неговото ширење. Граѓаните мора да бидат искрени и да ги кажуваат контактите кои треба да бидат навреме изолирани за да не се шири заразата“, изјави доктор Скано.