Славниот Португалец е зависник од море и јахти. Кристијано Роналдо го користи секој слободен момент да ужива во луксузен брод со семејството и тоа го чини богатство!

Роналдо во неделата обезбеди нова титула со својот Јувентус, а само еден ден подоцна славеше голем успех со семејството на јахта во вредност од околу 16.000.000 евра.
Суперјахтата „Бенети“ по име „Африка“ му обезбедува на фудбалскиот ас сè што му треба. Неговото семејство веќе подолго време ужива во шармот на оваа луксузна машина на вода.
Јахтата е импресивна долга 47 метри (154 стапки). Има модерен скап ентериер, кој нуди доволно простор за 12 лица. Има шест двокреветни кабини и огромен мастер-апартман. Има прекрасна трпезарија, простор за седење, џакузи, бар, мини кино и теретана!
https://www.instagram.com/p/CDPD7p4KGc3/?utm_source=ig_embed
Се разбира, опремена е со бројни занимации за уживање на водата … Тобоган на надувување на три спрата, скии, скутери за вода … Неговиот постар син Кристијано Јуниор најмногу ужива во тоа.
https://www.instagram.com/p/CDHyBDCqJzc/?utm_source=ig_embed
Екипажот на јахтата има дури девет члена, има и услуга, така што гостите уживаат посебен третман.
Верувале или не, изнајмувањето на оваа луксузна убавица чини околу 250 илјади евра неделно! Иако цената е нереално висока, за Кристијано, кој неодамна стана првиот фудбалски милијардер, сепак станува збор за вистинска ситница …


