Пред повеќе од десет години Škoda, го претстави својот прв Scout модел, базиран на втората генерација на Octavia. Сега ќе биде додаден и третиот член на семејството, откако е објавено дека е подготвен кросоверот Karoq Scout.
Како и претходните два модели и овој кросовер има поголем екстериер, благодарение на дополнителните пластични облоги, но најважниот додаток е системот за погон на сите четири тркала.
Клиентите ќе имаат можност да одберат помеѓу 1,5-литарски TSI бензински агрегат со 150 коњски сили и 2,0 литарски TDI дизел, со 150 или 190 коњски сили.
Менувачот може да се јави во две варијанти, како мануелен со шест брзини или автоматски со седум брзини.
За да се разликува од обичниот Karoq, Škoda на својата Scout верзија и додаде сребрени детали, а треба да се истакне дека и стаклата се затемнети.
Најсестраниот член на семејството на компактни кросовери, пристигнува со стандардни 18-инчни фелни, додека оние од 19 инчи се достапни како посебна опција.
Во внатрешноста Škoda додаде педали од челик кој не рѓосува, како и LED осветлување и потполно дигитализирана контролна табла.
Karoq Scout е збогатен и со бројни идеи за едноставна употреба, како функции за отворање и затворање на вратите на копче.
Škoda Karoq Scout премиерно ќе и биде претставен на јавноста на саемот на автомобили во Париз, кој ќе се одржи во октомври.