ŠKODA забележа двојна победа на „Авто трофеј“

од Vladimir Zorba

Читателите и онлајн корисниците на реномираниот магазин за автомобили „Авто цајтунг“ повторно ја избраа ŠKODA за најдобар увозен бренд во Германија. Ова е седми пат како чешкиот производител го освојува првото место во оваа категорија на натпреварот „Авто трофеј“ што го организира магазинот. ŠKODA OCTAVIA, најпродаваното возило на брендот, го повтори ланскиот успех триумфирајќи во категоријата „најдобар увозен компактен модел“.

images

„Фактот дека читателите на „Авто цајтунг“ уште еднаш нè изгласаа за најдобар увозен бренд во Германија е голема чест за целото семејство на ŠKODA. Максимално се трудиме да ја оправдаме довербата која корисниците и вљубениците во автомобилите ја имаат во нас“ – изјави Бернард Мајер, извршен директор на ŠKODA. 

ŠKODA досега триумфираше во 2001, 2008, 2011, 2013, 2014 и 2015 година. Годинава, ŠKODAпобеди помеѓу 35 други конкуренти и освои 18,1% од гласовите, со што ја извојува четвртата последователна победа. OCTAVIA, која е позната и како срцето на чешкиот бренд, беше подобра од 18 конкурентски модели. Изминатава декада овој автомобил има освоено пет други медали во различни категории на „Авто трофеј“.       

Магазинот „Авто цајтунг“ го спроведува гласањето за „Авто трофеј“ по 29 пат. Годинава во анкетата учествуваа околу 60.000 читатели, кои ги избраа своите фаворити во 17 категории, од кои 7 се интернационални. Двете категории во кои победи ŠKODA  се однесуваат на Германија. OCTAVIA не е единствениот автомобил на ŠKODA кој во изминатите години се искачил на врвот на „Авто трофеј“. Во 2013 година, ŠKODA CITIGO и YETI го освојуваа посакуваниот трофеј во нивните категории. Истата година, читателите на „Авто цајтунг“ го прогласија ŠKODA SUPERB за победник во категоријата „возило од увоз“. Во 2012 година ŠKODA исто така беше победник во три категории сомоделите CITIGO, RAPID и YETI. Во претходните години, моделите на чешкиот производител редовно беа на победничкиот подиум.  

Слични содржини