142
Повозрасен граѓанин бил пронајден починат пред банка во скопски Аеродром, информираат од полицијата.
Според информациите, настанот бил пријавен неколку минути пред 12 часот.
-На 02.03.2023 во 11.51 часот А.Т. пријавил дека на бул.Јане Сандански, на тротоарот има починато машко лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за починато лице Ф. Х. (66), информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на фамилијата за погреб.
Пред два дена беше пријавен сличен трагичен настан, откако лице починало точно под Железничката станица во Скопје.