241
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Л.(29) и Ф.Б.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „измама при добивање на кредит или друга погодност”.
Пријавените пронашле изгубена лична карта на лице од Скопје и во текот на ноември 2022 година со пронајдената лична карта, лажно претставувајќи се дека се лицето со генералии од личната карта, во две различни филијали на финансиски друштва, во два наврата, секој лично, се обиделе да подигнат брз кредит и на тој начин се обиделе да го доведат во заблуда административниот службеник да им одобри брз кредит.