Скопјанка со лажни документи подигнала кредити од над 900.000 денари

од Nikola Popovski

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” по член 249 од Кривичниот законик.

Пријавената, во текот на 2018 година, во три различни банки приложила фалсификувана документација, лажно прикажувајќи дека е кредитоспособна и дека е во редовен работен однос во Министерството за транспорт и врски и на тој начин успеала да ги доведе во заблуда службените лица од трите банки да ѝ одобрат кредити.

На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 907.561 денари, измамувајќи ги банките за паричен износ од 300.000, 307.561 и 300.000 денари.

Слични содржини