Градоначалничките на Скопје и на Сараево, Данела Арсовска и Бенјамина Кариќ денеска потпишаа протокол за зајакнување на соработката.
Протоколот е потпишан во Сараево, каде Арсовска е во службена посета, на покана на градоначалничката Кариќ.
-Со збратимениот град Сараево, денеска потпишавме протокол за зајакнување на соработката меѓу двете претстолнини. Заедно со градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ искажавме подготвеност за унапредување и зајакнување на веќе постоечките пријателски релации и меѓусебната соработка со конкретни проекти од заемен интерес, во областа на економијата, културата, спортот, образованието, животната средина, соопшти попладнево Град Скопје.
Со новиот протокол, Град Скопје и Сараево пристапуваат кон суштинска соработка и реализација на зацртаните цели на двете градски администрации, преку размена на идеи за потенцијалните проекти и утврдување на динамиката на нивна реализација.