Скопје и утрово е меѓу десетте најзагадени градови во светот

од Radmila Tasevska

Утрово со индекс на загаденост од 173 Скопје по 10 часот е уште меѓу десетте најзагадени поголеми градови во светот. Во текот на ноќта Скопје беше и на четвртото место. Се очекува во текот на денот загаденоста да се намали имајќи предвид дека според прогнозата на УХМР ќе имаме облачно време со можност за повремен дожд.

На неславната листа на градови каде се дише опасен воздух, меѓу првите 10 градови ниеден не е од Европа, а не е ниту во првите 30 градови.

Утрово позагадени се западните населби во Скопје, во општината Карпош.

Слични содржини