Скопјанец бил киднапиран поради наводен долг од 500 евра

од Nikola Popovski
211 прегледи

Четириесет и шестгодишник од селото Шемшево, пред два дена бил грабнат со автомобил од страна на четири лица, кои му се заканиле со огнено оружје. Притоа лицата го нападнале и го ограбиле.

-На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје. Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра.

Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце, стои во полицискиот билтен.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини