Скопјанец фатен во комбе со 300 теписони без документи

Лишено лице од слобода, запленети 300 теписони и стази без документација

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: МВР

На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје. Имено, откако било сопрено товарно возило “Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.

Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.