Скопјанец ја претепал сопругата и нејзиниот син, ги нападнал и полицајците

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска во 00.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот А.Р. од скопско, затоа што во домот физички ги нападнал неговата брачна партнерка и нејзиниот 18-годишен син, извести МВР.

„Потоа тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини