Скопјанец лажел дека работи во суд, ветувајќи дека ќе ослободи лице од притвор

41-годишник обвинет за измама: Лажно се претставувал како судски службеник и земал 7.750 евра

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Царинска управа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор.

Откако изготвиле жалба кај адвокат по притворот, во три наврати му биле исплатени 7.750 евра, но договореното не било исполнето.