Скопјанец паднал од тротинет, не отишол на лекар и по два дена починал

од desk2
380 прегледи

МВР соопшти за случај на починат 55-годишен скопјанец, кој паднал од тротинет, не побарал лекарска помош, а по два дена починал.

Според полицискиот билтен, вчера во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош во ГОБ „8 Септември“ во Скопје бил донесен починат Б.С. (55) од Скопје.

Според пријавеното, тој на 31 јули паднал од тротинет, но не се упатил во болница за укажување на медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Слични содржини