На 18.09.2025 во 22:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, кај место викано „Борови“ на магистралниот пат Струга-Граничен премин Ќафасан, од слобода го лишија Џ.Б.(40) од Скопје. Тој се сомничи дека со неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки врши криумчарење на мигранти.
Во близина на возилото забележани се четири женски лица кои се обиделе да избегаат, но веднаш се фатени и констатирано е дека станува збор за четири државјанки на Непал, од кои три на возраст од 22 и една на возараст од 34 години.
Мигрантите и возачот се предадени во ОВР Струга за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.