Скопјанец се обидел да запали казино

од Nikola Popovski
52 прегледи

Денеска (21.05.2025) во 06.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.10 часот пред казино на подрачјето на Чаир во Скопје, едно лице фрлило шише со запалива течност, при што ја опожарило влезната врата на казиното.

Пожарот е изгаснат од вработените, а повредени лица нема.

Извршен е увид од екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини