Скопјанец си ги претепал сопругата и синот

од Nikola Popovski
305 прегледи

Нов случај на семејно насилство се случил пред два дена во дом на подрачјето на Бит Пазар, кога скопјанец ги нападнал својата сопруга и нивниот син.

41-годишната жена вчера во полицијата го пријавила случајот.

Според пријавеното, нејзиниот сопруг првин ја нападнал неа, а потоа и нивниот 18-годишен син.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.