Скопјанец лишен од слобода бидејќи превезувал мигранти

од desk2
100 прегледи

Полициски службеници синоќа во 22 часот на клучката Миравци, запреле патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(35) од село Трубарево, скопско, кој превезувал мигранти. 

– По запирањето, возачот Д.Б. почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Ирак, Aвганистан, Пакистан и Иран, кои биле приведени во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против Д.Б. ќе биде поднесен соодветна кривична пријава.