230
Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа, покажува платформата „IQAir“. Според утринските мерења, главниот град е на 12-то место во светски рамки.
Со индекс на квалитетот на воздух од 141, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето. Од Европа на првите најлоши позиции се најдоа и Киев, Милано и Рим.
Скопје се наоѓа во друштво на Делхи, Пакистан и Бангладеш со смртоносно висока загаденост.
ПМ честичките се неколку дена над дозволеното.