Скопјани дишат трет најзагаден воздух во светот

од Nikola Popovski
218 прегледи

Скопје денеска претпладне повторно се најде на второто место на најзагадените градови во Европа и на третото место во светски рамки, според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 172, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град во светот е регистриран само во Сараево и Њу Делхи.

Загадувањето во Скопје со години е проблем на сите негови жители, а со тоа и на секоја власт. И додека секое утро Скопје се буди во друштво на петте најзагадени градови во светот, надлежните институции допрва чекаат на новиот правилник кој ќе го регулира проблемот со загадувањето.

Најновите податоци од Министерството за животна средина покажаа дека дури 45% од аерозагадувањето го предизвикуваат домаќинствата кои се греат на влажни дрва и производи од обоено дрво. Истакнаа дека за подолгорочни мерки, Владата ќе им помага на општините.

Слични содржини