264
Градот Скопје ја објави програмата за новогодишната ноќ, што ќе се одбележи на плоштадот „Македонија“. Според објавеното, дочекот на Новата година ќе започне уште во 20:00 часот.
Од Градот информира дека три одговорни компании, се одважиле „во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година“.
-Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година.
Програма на 31.12.2021 година:
21:00-22:00 – Пука Козметика
22:10-23:10 – ДНК
23:20-00:20 – Нокаут
00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова
01:00-01:30 – ДЈ Славе, стои во соопштението од Градот Скопје.