Скопјани повторно го дишат најзагадениот воздух во Европа

од Nikola Popovski
16 прегледи

И ова утро Скопје е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализирана платформа за мерење на квалитет на воздухот „IQAir“. Во светски рамки, главниот македонски град е на 11-тото место со индекс на квалитет на воздухот од 161.

На листата на најзагадени градови неславно води Делхи, по што следуваат Акра, Каиро, Карачи, Бишкек…

Пред десетина дена во Скопје се одржа протест против аерозагадувањето. Од Иницијативата „Зелен хуман град“ побараа итно системско справување со загадениот воздух, преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните.

Светската банка предупредува дека секоја година околу 2.800 жители на Македонија умираат како последица на загадениот воздух. Особено погодени се граѓаните на Скопје и Тетово, кои се изложени на значително повисоки концентрации на ПМ 2,5 честички во споредба со земјите од Западна Европа.

Препораките на надлежните се да се избегнува подолг престој на отворено, а до граѓаните се апелира повеќе да се потпираат на јавниот превоз и да ги остават автомобилите во своите домови.

Слични содржини