Скопјанка била физички нападната од поранешниот љубовник на подрачје на Аеродром, информираат од МВР.
-На 09.07.2023 во 19.00 часот 36-годишна жена пријавила дека околу 16.30 часот во лифт од зграда на подрачјето на Аеродром, по претходни недоразбирања, била физички нападната од А.И.(42) од скопско, со кого порано биле во љубовна врска.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.