204
Скопјанка на возраст од 48 години вчера го пријавила поранешниот партнер во полиција.
Како што е наведено од МВР, вчера во 12.00 часот во СВР Скопје, 48 – годишна жена од Скопје пријавила дека пред околу две години, нејзиниот поранешен партнер И.Н.(44), во викенд куќа во кривопаланечко село извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, најавија надлежните.