Од Авалон продукција информираат дека има измена на локацијата за фестивалот SKOPJE CALLING 2017.
Измената е неопходна поради претстјониот Супер куп во фудбал чие одржување се поклопува со фестивалската вечер на 23-ти јуни со MARTIN GARRIX, JAX JONES и ALEX ADAIR во Телеком Арената.
Поради тоа, истата се префрлува на стадионот на АРМ, којшто се наоѓа веднаш до Телеком Арената во Скопје.
Капацитетот останува ист, 20 илјади посетители, а билетите со истите категории (кои се продадени во количина од повеќе од пет илјади влезници низ целиот овој дел на Европа) ќе важат и за оваа локација.
Поради оваа измена, на истата локација ќе се одржи настапот на THIEVERY CORPORATION, бидејќи ќе се користи истата бина и продукција за време на фестивалот.
За настапот THIEVERY CORPORATION просторот ќе биде адаптиран со капацитет од 5.000 посетители.