Скопје да добие парк од оставнината на малиот диктатор, предлага Шилегов

од Берта Китинска
422 прегледи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, предлага скулптурите и спомениците кои во рамки на „Скопје 2014“ да завршат на расчистената депонија во Ѓорче Петров.

– Депонијата во Ѓорче Петров е веќе расчистена. Идејата е по примерот на Мементо парк. Сите статуи на Сталин и од комунизмот Унгарците  ги имаат ставено таму па и ние тоа да го направиме со оставштината од нашиот мал диктатор. Донациите од здружението „Попадинци“, не биле платени кога се подарувале и затоа треба да се дислоцираат, рече Шилегов пред медиумите.

Шилегов посочи дека ваков мементо парк има направено во Будимпешта, Унгарија, каде се поставени сите статуи од комунистичкиот период на Унгарија  од 1949 до 1989. Во паркот има статуи на Ленин, Маркс и Енгелс, како и на неколку од унгарските комунистички водачи.

Спомениците се донација на контроверзното „Здружение за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје”.

Слични содржини