Скопје: До 15 часот најголема излезност во Карпош, најмала во Шуто Оризари

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Најголема излезност на гласачите во четирите скопски општини каде во вториот круг на Локалните избори се бираат градоначалници има во Карпош – 38,94 отсто.

Во Центар до 15 часот на гласање излегле 37,81 отсто од запишаните избирачи, додека во Чаир 30,03 отсто.

Во Шуто Оризари има најмала излезност во споредба со другите три општини – 21, 55 отсто.

Излезноста до 15 часот во 44 општини и Скопје каде се гласа за градоначалници, како што објави Државната изборна комисија, изнесува 34,22 отсто.