ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања, велат од СДСМ преку партиско соопштение. Според партијата на власт, „ВМРО-ДПМНЕ е партијата што едно ветува, а друго прави“.
-Скопје е најголем пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ добива власт. Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, запуштен, нечист град, со јавни претпријатија заглавени во долгови. Ветуваа бесплатен превоз, а го оставија градот без јавен превоз. Ги нема ветените 250 нови автобуси, наместо мега паркови, на сите страни никнуваат депонии. Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси, порачаа од СДСМ.
„Платформа 1198“ за исто толку проекти колку што планира да реализира ВМРО-ДПМНЕ, доколку дојде на власт. Програмата вчера беше презентирана преку панел дискусии и образложена од лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Во неа граѓанинот е во фокусот преку подобрување на животниот стандард и економијата. Партијата ветува 3 милијарди евра за капитални инвестиции, нови 55.000 работни места до 2028, рамни и ниски даноци кои создаваат фер услови, борба со сивата економија, изградба на енергетски капацитети и создавање на Министерство за енергетика.