Во текот на вчерашниот ден се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјава изнесува 1.081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367, Куманово – 306, Дебар – 51, Штип-32, Прилеп –100, Тетово – 48, Струга – 50, Велес – 40, Битола –15, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2.
Според Иститутот за јавно здравје највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 183,6 заболени на 100.000 жители, во Дебар инциденцата на 100.000 жители останува на 176,5, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Велес, Штип, Кочани и Скопје.Додека во овие градови според мапата : Неготино, Кратово, Пробиштип, Дојран, Свети Николе, Кичево, Берово, Виница, Делчево, Пехчево нема ниту еден заболен.